| четврток, 6 декември 2018 |

Иако им се познати на сите, за нив не се знае ништо: Како да се стане член на „Анонимуси“?

Во светот движењето „Анонимуси“ започна да претставува исклучително моќна група на поединци и глобални движења. Иако им се познати на сите, за нив ништо не се знае. Во нивното официјално соопштение објаснето е кои се всушност „Анонимуси“ и како да се стане еден од нив.

„Анониумуси“ не се група, ниту личност. Тоа е идеја. Конкретно се работи за идеја секој од нас да може да ја поседува слободата. Слобода на мислење, говор, изразување, знаење и верување. Слобода да го одредиме текот и одредиштето на сопствените животи. Доколку ова е и вашата идеја, тогаш веќе сте дел од „Анониумуси“.

Веројатно сте слушнале многу работи за нови, но нешто е вистина, а нешто сепак не. Тие велат дека не се хакери, ниту терористи, ниту пак се насилни.

Ние сме граѓани на светот кои сведочат на тиранијата, репресијата и цензурата. Ние сме активисти кои бараат да се промени системот и кругот на корупцијата. Се трудиме да створиме транспарентност во Владите и сите институции од јавен интерес. Се спротивствавуваме на оние кои сакаат да ги кршат нашите права кои ги имаме како човечки суштества – наведуваат „анонимните“.

Велат дека како колектив на анонимни индивидуалци, немамат лидер кој ги диктира нивните методи на отпор.

Некои од нас се хакери кои ги користат своите способности критичните информации да ги направат доспатни за јавноста. Некои од нас се организираат на протести и митинзи. Некои од нас волонтираат за да ги прехраниме оние кои тоа не можат да си го дозволат. Ние сме соседи, ваши пријатели и роднини. Подготвуваме храна, поправаме апарати, пишуваме книги, компонираме музика и креираме своја технологија. Ние сме вашите работници во пошта, фризери, продавачи и адвокати. Ние сме социјалисти, капиталисти, атеисти и религиозни сме. Ние сме сите, ние сме никој.

Никој од нас не е толку моќен како што сме сите заедно. Обидинети во Еден, поделено со нула.

Ние сме „Анонимуси“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top