Приврзаниците на групата „Анонимуси“ му објавија војна на Доналд Трамп поради предизвиканите сериозни контроверзии за неговата изјава за забрана на муслиманите да пристигнуваат како бегалци во САД, соопштуваат „Анонимуси“.
Групата пушти на социјалните мрежи видео во кое нејзин член го критикува кандидатот за претседателската функција во САД.
„Анонимуси“, исто така, за кратко време пробиле сајтови на една од најголемите компании на Трамп – „Трамп Тауер“ во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.