Терористичките организации како шти е Исламска држава, намерно за смртоноските терористички напади, како оној во Брисел регрутира браќа и сестри или семејно поврзани луѓе.
Се покажа дека на тој начин најуспешно се изведуваат нападите, пренесуваат медиумите.
Самоубиствениот напад на аеродромот Завентем во Брисел го изведоа браќата Ибрахим и Калид ел Бакрауи. Криминалистичкиот психолог Миа Блум појаснува дека крвните врски се појавуваат во многу злосторства во последниве децении, уште од 70-тите години на минатиот век. Семејните терористички ќелии и помагаат на ИСИС да избегне било каков надзор на тајните служби и полицијата, а од друга страна Исламската држава добива квалитетен механизам за проверка на своите членови.
– Кога станува збор за самоубиствени напади секогаш постои можност некој во последен момент да се предомисли, но, потешко е да с еоткаже ако со него е некој член на семејството бидејќи не сака да го разочара, објаснува Блум.

Парискиот масакр го направија меѓу останатите и двајца браќа Салах и Брахим Абдеслам. Салах најпосле сепак не го активираше експлозивот и побегна и до пред некој ден беше во бегство се додека не го уапсија во Брисел.
Во јануари 2015 година уште една братоубиствена двојка учествуваше во нападот на сатиричниот весни Шарли Ебдо кога беа убиени 12 лица. Станува збор за Саид и Шериф Куачи, а обајцата беа убиени од полицијата.
– Најлесно е да се регрутира член на семејството, а потоа пријатели, вели Блум.


Клинт Ватс, поранешен припадник на ФБИ вели дека и покрај силната присутност на Исламската држава на интернет, најмногу луѓе се регрутираат непосредно.
– Најлесно е да се регрутираат членови на семејството. Личности кои се физички блиску не се сомнителни, вели Ватс и предупредува дека многумина со криминално досие се свртуваат кон ИСИС бидејќи за нив тоа е помало зло.
Со тоа се сложува и Блум.
– Исламска држава испраќа порака дека оние со најлошо минато можат да имааат најдобра иднина, пренесува Скај њуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатно: Жена е во брак со 5 мажи и што е најчудно сите тие се браќа (видео)
-
Недоразбирање помеѓу браќа во Скопје заврши трагично- едно лице почина
-
Запознајте ги Тајлер и Камерон Винклвос, браќата кои станаа први милијардери во биткоин
-
Не можат да ја преболат смртта на сестрата – браќата на убиената Билјана подготвуваат крвна одмазда!


