Полициската акција со која беше блокиран влезот од Арачиново, во делот на општина Липково заврши синоќа. Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат за денеска и според неофицијални информации тиe демантирале дека станува збор за група од Косово. Според безбедносни извори станува збор за „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Неофицијално акцијата е во врска со мигранти пронајдени во селото Ваксинце, а кои неколку дена биле држени како заложници од непозната вооружена група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.