| четврток, 6 декември 2018 |

Дали бегалци-заложници се причина за акциите во Арачиново и во Липково?

Дали бегалци-заложници се причина за полициските акции во скопско Арачиново и кумановско Липково, објави вечерва телевизијата „Телма“. Претходно неколку медиуми шпекулираа дека полициската активност во Липковско и во Арачиново е предизвикана од потрага по вооружена косовска група чии припадници се блиски на терористите обвинети за Диво Насеље. Како што објави „Телма“, од Министерството за внатрешни работи ги негираа овие шпекулации и тврдат дека ситуацијата е под контрола.

Според извори на телевизијата на терен во липковско имало само „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Од МВР претходно потврдија дека има повеќе блокади кај селата Арачиново, како и контроли во близина на повеќе села во липковско.

Вчера во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група, тврдат безбедносни извори за „Телма“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top