| четврток, 6 декември 2018 |

„Случајот Хармс“ – фотогалерија од новата претстава на Театар Комедија

I

I

За својот четврти роденден Театар Комедија во недела премиерно ќе ја изведе „Случајот Хармс“ – претстава за Даниил Хармс, еден од најконтроверзните, но и највлијателните руски автори од 20 век.
Во улогата на Хармс ќе биде Илија Илиоски, а покрај него во актерската екипа се и: Жаклина Петровска, Мирјана Ристов, Ева Скендеровска, Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски и Столе Мицов. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимограф е Благој Мицевски, кореографка Саша Евтимова, а музиката е на Оливер Јосифовски.
Авторка на драматизацијата е Жељка Удовиќиќ-Плештина од Хрватска, а режисер е Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top