| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор во „Фабриката за афери“ на СДСМ – Чауш ќе се сели од Идризово

цаус

Триесет дена притвор за еден од осомничените во Фабриката за афери на СДСМ одредил Судија на претходна постапка по барање на Обвинителството, потврдуваат од Судот за „Прес24“. Покрај тоа, обвинителот бара мерка притвор и за Захир Бекири – Чауш, кој доколку му биде одреден ќе мора од ќелијата во Идризово да се пресели во Истражниот затвор во Шутка.

Захир Бекири – Чауш кој е предводник на криминалната група задолжена за фалсификување на документи и тргување со незаконските снимки на Заев важи за истакнат член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев. Истрагата се сомнева дека токму тој бил задолжен за тргување со незаконските снимки на Заев, а медиумите веќе објавија дека прислушуваните разговори се продавале и во Косово и во останатите земји од регионот.

Останува нејасно како Чауш стигнал до овие снимки особено ако се знае дека лидерот на СДСМ во повеќе наврати имаше јасен став дека сите снимки што ги има му ги предал на Специјалното обвинителство.

Одговор на прашањето се очекува од истрагата, која по вчерашната акција, како докази покрај незаконските снимки веќе има и печатарска преса на која, најверојатно, се печателе незаконските лични карти и пасоши од фабриката за афери, но и поголем арсенал оружје и панцири, чијашто намена дополнително ќе се истражува. Во акцијата беа опфатени 10 лица, а се приведени петмина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top