Одделот за организиран криминал во содејство со Одделот за посебни единици и во координација со Основното Јавно обвинителство Скопје ја реализираше истрагата „Фабрика за афери“.
По наредба на Основниот суд во Скопје 1 извршени се претреси на 7 локации во Скопје и тоа кај Захир Бекири во Идризово во координација со Управата за извршување на санкции, кај И.Б. (брат на прво осомничениот), О.Б (брат на прво осомничениот) и З.А. (сестра на прво осомничениот), Б.А., А.И., Т.Р., Д.М, А.Г и В.Н.
Од извршените претреси, во ќелијата на Чауш во Идризово пронајдени се два телефонски апарати.
Во домот на Захир Беќири Чауш од неговата сопруга одземена е една ловечка пушка со 41 куршум, две дипломи на име Захир Беќири како и поголема друга медицинска документација, дипломи и изводи.
Кај И.Б. брат на осомничениот пронајдени се 7 телефонски апарати, два таблети и 450 евра.
Кај О.Б. брат на осомничениот пронајдени се 1 лаптоп, 1 куќиште за компјутер и телефонски апарати.
Кај З.А. сестра на осомничениот пронајдени се еден панцир, еден опасач, хард диск, УСБ, и телефонски апарати.
Кај лицето Б.А. најдени се машина за сечење хартија и два печати.
Кај лицето А.Г. пронајдени се пушка ловечки карабин, 67 боеви куршуми, пиштол со 4 куршуми во рамка, 9 куршуми од непознат калибар, компјутерско куќиште и еден лаптоп.
Кај лицето В.Н пронајдени и одземени се два телефонски апарати.
Лицето Б.А. е со привремен престој во Германија , а Д.М во Швајцарија.
Според информациите до кои дојде Press24 лишени од слобода се три лица и се наоѓаат во полициската станица во кисела вода, а претресите во скопско Арачиново кај А.Г и И.Б. се уште траат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.