| четврток, 6 декември 2018 |

Коприва-прочистувач на крвта

КОПРИВА

Листовите од свежата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, Б2 и К, каротен и пантотенска киселина, калциум, фосфор и железо. Со еден збор, во нив се крие вистински провитамински концентрат.

Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсичните материи од организмот. Научно е докажано дека го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од дијабетес.

Докажана е делотворноста на копривата во запирање на крвавењето, па често се користи при обилни менструации, крвавење од матката, при крв во урината и слични состојби. Исто така, копривата помага во намалување на високиот крвен притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top