| четврток, 6 декември 2018 |

Благодатите од секојдневното консумирање банани

a

Денес ќе посветиме внимание на бананите. Тие се вкусни, многу хранливи и достапни. Еве ги и останатите причини зошто да ги консумирате секој ден.

  1. Докажано е дека бананите штитат од инфаркт и од мозочен удар

Причината е во големото количество калиум што го содржат бананите. Познато е и дека овој волшебен плод го намалува крвниот притисок.

  1. Помагаат против депресијата

Триптофанот и магнезиумот во бананите имаат смирувачко дејство врз мозокот и го бришат чувството на анксиозност.

  1. Го смируваат желудникот

Бананите штитат од стомачни киселини и од дијареа.

  1. Намалување на ризикот од развивање на дијабетес тип 2

Бананите се богати со витамин А, кој може да спречи различни хронични заболувања, па дури и некои видови рак.

  1. Тие се корисно гориво за нашиот организам

Калиумот ги штити мускулите од преоптоварување и препорачливо е да го консумирате два часа пред тренингот, а освен тоа помага и во производството на црвените крвни зрнца.

b

  1. Бананите се соодветна храна и за по физичко оптоварување

Тие ни даваат енергија и се многу покорисни од спортските пијалоци, кои се толку популарни во последно време.

  1. Бананите помагаат во варењето

Бидејќи содржат влакна, тие се познати како сигурен помошник за доброто варење, освен тоа се корисни и за кардиоваскуларниот систем.

  1. Помагаат против утринско гадење и смируваат предменструални симптоми

Бананите содржат витамин Б6 кој ги помага когнитивните функции и штити од одредени видови рак.

  1. Го подобруваат метаболизмот

Бананата е диетален плод, кој содржи и манган, кој е важен додаток во исхраната, со што се намалува ризикот од мозочен удар, инфаркт, остеопороза и други опасни болести.

  1. Тие се добар помошник во борбата со настинките

Кога ќе настинеме, секогаш прво помислуваме на цитрони, но вистината е дека бананите се, исто така, добар извор на витамин Ц.

  1. Можат да спречат напади на астма

Научни истражувања докажуваат дека децата кои јадат банана секој ден, многу поретко развиваат асматични симптоми отколку другите.

  1. Бананите се корисни за мозокот

Јагленохидратите, калиумот, витамин Б6 и магнезиумот кои се содржат во плодот, одлично ѝ помагаат на мозочната активност.

v

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top