Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за претстојниот пријателски натпревар против Бугарија што ќе се игра на 29 март во Скопје.
Фудбалерот на Џенова доживеа мала повреда вчера во дуелот со Словенија и сите во националниот тим стравуваа дека нема да може да го издржи следниот меч. Сепак, во консултација со селекторот Ангеловски, тој утре ќе добие поштеда и нема да тренира, но се очекува да биде подготвен до вторник.
За разлика од Пандев, ситуацијата со Тричковски и Жута е непроменета. Во текот на утрешниот ден тие ќе биде подложени на анализи од докторскиот тим по што ќе се знае дали ќе останат во националниот тим или ќе се вратат во своите екипи. Во случај тие двајца да не бидат подготвени, Ангеловски ќе повика замени за натпреварот со Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.