| четврток, 6 декември 2018 |

Имер Риза доби седум години затвор за убиството на таксистот во Визбегово

Седум години затвор доби Имер Риза, првообвинет за убиството на таксистот Зоран Трајковски кој беше убиен во скопско Визбегово во 2004 година.

Риза во претходните две судења, во 2005 и 2006 година, доби две ослободителни пресуди. Тогаш за убиец на Трајковски беше посочен Рамадан Шити, кој беше убиен во полициската акција „Планинска бура“.

Второобвинетиот Шукри Алија, кој неодамна беше екстрадиран од Косово, доби десет месеци затвор за помагање.

За адвокатот на обвинетите, одлуката е скандалозна и е донесена без докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top