| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиските обвинители ја потврдија поврзаноста на нападите во Париз и Брисел

­нпад

Белгиските обвинители денеска соопштија дека бомбашот­ самоубиец, чија мета беше бриселското метро, изнајмил куќа која ја користел како засолниште за терористите од Париз и дека полицијата уште од декември трага по него. Денешното соопштение од кабинетот на сојузното обвинителство ја потврдува поврзаноста на нападот во Париз, на 13 ноември минатата година, и нападот во Брисел, јавува Танјуг.

Во соопштението се вели дека белгискиот истражен судија, кој бил вклучен во истрагата за нападите во Париз, издал европска и меѓународна потерница за Халид Ел Баркау на 11 декември минатата година. Судијата потврдил дека Бакрауи е осомничен за изнајмување на куќа во областа Шарлоа под лажно име. Неколкумина бомбаши­самоубијци кои ги излеле нападите во Париз биле белгиски државјани или на некој друг начин биле поврзани со Белгија, потсетува Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top