Пред 71 година со решение на Градскиот народен добро (ГНО) на 25.03.1945 година, основана е Градската библиотека во Битола. Таа почнала да работи со книжен фонд од 300 книги, кои главно биле затекнати книги подарени од поединци, организации и установи.
Денеска библиотеката претставува современа, културна институција со развиена библиотечна дејност, која на своите корисници постојано им нуди нови и современи содржини и културни настани кои го збогатуваат културниот живот, а исто така придонесуваат за унапредување на воспитно-образовните, како и стручно
научните и истражувачките дејности.
Библиотеката располага со над 600.000 книги, периодични весници и списанија како и друг библиотечен материјал, со тенденција за натамошно перманентно зголемување.
Библиотеката, годинава својот 71-ви роденден реши да го прослави со најмладите ученици кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин“ – Битола, да им подари соодветна литература за нивните потреби, со заедничка роденденска
програма со учениците и вработените од двете установи.
Според Законот за користење знаковен говор (Службен весник на Република Македонија број 105 од 21 август 2009 година ), каде е специјално спомнато дека на секое лице кое му е потребна помош , јавната установа е должна да обезбеди таква поддршка. Библиотеката најавува дека оваа година вработен од
библиотеката ќе посетува обука за знаковен говор.
Со овој проект се приближуваме до една специфична категорија на љубители на книги – лицата со оштетен слух и говор.
Тоа предизвикува посебен трепет на душата бидејќи пренесува порака до целата јавност за поголема хуманизација на нашето општество и еднаков пристап и третман до јавните институции за сите.
Настанот ќе се одржи утре (25.03.2016) година со почеток во 12 часот во просториите на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола,
ул. “Прилепска бр. Битола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.