Белгиската полиција презеде нова операција во бриселски кварт, каде се наоѓаат институциите на ЕУ, при што е затворена една од сообраќајниците.
Сведоци од местото на случувањата тврдат дека имало престрелка, а полицијата засега одбива да изнесе детали додека трае акцијата.
Претходно, денеска е објавен фоторобот на наводниот соучесник на напаѓачот од метро станицата во Брисел. Веќе има сведоци, кои тврдат дека го виделе младиот маж. Според претпоставки во медиумите, терористите планирале да го нападнат Брисел следниот понеделник на првиот ден од католичкиот Велигден, но побрзале бидејќи била започната потрага по нив и биле осомничени за соучесништво во нападите во Париз минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак