Еден од учесниците и организаторите на терористичките напади во Париз во ноември минатата година, што однесоа 137 човечки животи, белгискиот државјанин Салах Абдеслам, сака што побрзо да биде екстрадиран во Франција за да му се суди за нападите.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова претпледнево го соопшти адвокатот на Абдеслам, Свен Мари, кој се појави пред истражниот суд на Белгија на првото сослушување по повод екстрадициската процедура на неговиот клиент.
Истражниот судија не донесе одлука дали Салах Абдеслам по итна постапка ќе биде екстрадиран во Франција, што е негова желба, туку одлуката ја одложи до 7 април.
Абдеслам, по пет месеци успешно криење и избегнување на стапиците на безбедносните служби, во петокот беше уапсен во рација на белгиската полиција во бриселската населба Форест.
При апсењето Абдеслам беше ранет во ногата, но неговиот адвокат Мари во прв момент истакна дека Салах „има информации што вредат злато“ и дека „максимално соработува со истражните органи“.
Неколку дена по неговото апсење, група од најмалку пет терористи, од кои досега се идентификувани само браќата Калид и Ибрахим ел Бакрауи и Наџми Лашмауи, извршија координирани терористички напади на аеродромот Завентем и на метро-станицата Малбек во еворпскиот кварт на Брисел, при што загинаа 31 лице, а околу 300 беа ранети.
Според пронајдениот тестамент на еден од бомбаш-самоубијците, Ибрахим ел Бакрауи, токму Салах Абдеслам бил поврзан со групата што ги изведе нападите во белгиската престолнина и поради тоа се претпоставува и дека е одложена неговата екстрадиција во Франција, бидејќи се очекува да одговара и за бриселските напади.
Француските власти уште во петокот побараа негова екстрадиција во Париз, каде што му се закануваат обвиненија за тероризам, поради негово учество во нападите извршени на 13 ноември 2015 година на неколку локации во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Пронајдено возило со експлозив близу Париз