Во Шибеник денес беше одржана комеморација за познатиот кантавтор Арсен Дедиќ кој почина во понеделникот на 78-годишна возраст во Загреб.
Освен писатели, познаници и жители на Шибеник, од родниот град на Арсен, од него се простија и голем број познати лица од хрватската јавност, како пејачот Масимо Савиќ, гитаристот Хусеин Хасандефендиќ, продуцентот Никша Братош , Жељко Бебек.
Арсен беше еден и единствен, повторувале денес од говорницата неговите бројни пријатели и познаници.
Во трогателниот говор на градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ изјавил дека си заминал човек поради кој жителите на Шибеник чувствуваат гордост поради своето потекло.
Во изјавца за медиумите Масимо Савиќ, истакнал дека Арсен бил човек со „здрав шибенички сарказам и дека честопати знаел да му каже дека го следел и дека се радувал на неговите неуспеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масимо Савиќ го исполни Антички театар во Охрид до последно место: Се резервираа и терасите од куќите над Антички
-
Концерти на отворено на Антички театар и во Хераклеа: Масимо Савиќ и Каролина во Охрид и во Битола
-
Снимкава досега не била објавена: Како пред 40 години Арсен и Чола ја создале легендарната песна (видео)
-
Масимо Савиќ со видеопоздрав до македонската публика