Постариот брат на моментално белгискиот непријател број еден Наџим Лахрауи е врвен белгиски спортист со светско реноме, пишува „Вест“. Постариот брат, Мурат Лахрауи е трофеен спортист кој Белгија ја претставувал на спортски натпреварувања во такевондо.
Мурат проговорил за својот помлад брат и нагласил дека се срами од него. Мурат Лахрауи е 29 годишен и е постар брат на мажот во бело (Наџим Лахрауи) кој го снимиле надзорните камери на аеродромот Завентем, заедно со бомбашите самоубијци, браќата Халид и Ибрахим Ел Бакрауи. Мурат освојувал сребрени и бронзени медали во таеквондо за репрезентацијата на Белгија, дознаваат британските медиуми. Мурат се дистанцирал од својот брат терорист и рекол дека чувствува длабок срам поради фанатичните уверувања, како и убиствените активности. Во меѓувреме, Наџим е во бегство и белгиската полиција интензивно трага по него. Нивниот татко, уште после терористичките напади во Париз, во полицијата изјавил дека го препознал Наџим како еден од бегалците организатори на тие напади во Франција, но рекол дека со него не се чуле три годинии. Наџим Лахрауи непосредно пред експлозијата на бриселскиот аеродром побегнал, оставајќи зад себе куфер со експлозив и заминал од терминалот на аеродромот без проблеми, а неколку моменти подоцна, нешто пред 8 часот наутро, аеродромот Завентем до потресле експлозии. Само 79 минути подоцна трет бомбаш самоубиец активирал бомба на метро станицата Малебек, каде што биле убиени 20 лица. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.