Повеќекратниот македонскиот шампион МЗТ денеска ја официјализираше соработката со компанијата „Спорт М“, преку која во иднина ќе носат опрема од брендот „Адидас“.
Изминативе години МЗТ играше во опрема на „Лининг“, а сега од клубот веруваат дека прават чекор напред…
– Би сакал да им се заблагодарам на луѓето од ’Лининг’ за поддршката која ни ја даваа изминатите години кога ни беше најтешко. Со нов спонзорски договор со ’Адидас’ правиме чекор напред, па во иднина се надеваме на уште подобри резултати. Договорот е со важност од пет години, а како дел од целокупниот заеднички проект планирано е и отворањето на фан шоп на МЗТ Скопје, нешто што ни недостасуваше изминатиот период. Плановите тој Фан шоп да биде отворен на почетокот од мај во склопот на СЦ „Јане Сандански“ – изјави Видоја Секуловски, директор на МЗТ Скопје.
Од „Адидас“ го потенцираа задоволството од соработката со македонскиот кошаркарски шампион, верувајќи дека во иднина двете страни ќе продолжат со своите успешни приказни, сега и по заеднички пат.
„Во минатото како компанија сме соработувале со неколку спортски федерации и клубови. Сега потпишуваме со МЗТ и се надеваме на заеднички победи во иднина на секое поле“ – рече претставникот на „Спорт М“, Елизабета Бошевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.