| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва е затемнување на Месечината во Вага: одговорете ги овие прашања и сѐ ќе ви оди од рака

Затемнувањето на Месечината што ќе се случи вечерва ќе донeсе целосна еклипса во Вага, што значително ќе влијае врз вашите чувства и планови. Денес обидете се да се ослободите од негативните мисли и чувства, а тоа ќе го успеете доколку си ги поставите самите на себе следните пет прашања.

25166-mesec-580x326

Доколку успеете да се ослободите од негативната енергија за време на затемнување на Месечината, ќе привлечете позитивна енергија. Овој период е поволен за простување, љубов и за прочистување. Направете листа на луѓе на кои треба да им простите и простете им, како и листа на тоа што ве прави среќни и она за што сте благодарни.

213214-702x336

За да се ослободите од негативната енергија и да тргнете понатаму во остварување на вашите цели, без лошите емоции кои ве попречуваат, обидете се за време на затемнувањето на Месечината да си ги поставите следните прашања:

*Дали премногу се оптоварувам со својот изглед и со начинот на кој другите ме гледаат?

*Дали пременогу се грижам за другите и поради тоа ги запоставувам своите потреби?

*Дали досега бев премногу наивен и  дозволував  другите да влијаат врз мене и врз моите одлуки?

*Дали поминав доволно време разубавувајќи го сопствениот живот?

Пораката што Месечината за време на затемнувањето ви ја праќа е максимално да му се посветите на сопствениот живот и да се потсетите на убавината на живеењето. Тоа што ве прави среќни ставете го на листата на приоритетите, додека сѐ што е негативно отфрлете го и  наскоро самите ќе бидете сведок  на тоа како работите ќе се одвиваат во позитивна насока.

Business man flying with hand drawn lines comming out concept

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top