| четврток, 6 декември 2018 |

Катица Јанева призна дека нема докази

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја коментира одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување, на вчерашната прес-конференција Катица Јанева рече дека доказите со кои располагало СЈО во 8о отсто го докажувале обвинението со кое во иднина имале намера да настапат.

Со ова Јанева практично призна дека докази нема.

– Со доказите со кои располагаме кои во 80 отсто го докажуваат обвинението со кое имаме намера во иднина да настапиме. Сметаме дека самиот избор и на претседателот и на уставните судии и на пратеници е доведено во прашање и тоа е мојот одговор за Уставниот суд. Мислам дека сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат СЈО во нивните истраги за да ја утврдиме вистината – рече Јанева.

Ваквата изјава на Јанева е скандалозна сама по себе, затоа што специјалната обвинителка со тоа што лицитира со бројки сама признава дека нема докази, бидејќи за да се покрене обвинение потребни се сто процентни докази, односно сѐ друго е надвор од правниот систем. Дополнително, имајќи ја предвид нејзината пристрасност и непрофесионалност и тие 80 отсто се доведени во прашање.

Ова е само еден од испадите на Јанева изјавени на вчерашната конференцијата „Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“. Најскандалозната од нив беше непризнавањето на Собранието, што практично значи и непризнавање на народот бидејќи тоа е претставничко тело на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top