| четврток, 6 декември 2018 |

Досега сè погодил: девет страшни пророштва на Нострадамус што нè очекуваат

Дали знаевте дека Нострадамус ја предвидел нуклеарната војна? Предвидел и низа настани што веќе се случиле.

Ова се деветте негови  пророштва, кои сè уште не се случиле, но лесно би можеле да се случат во иднина.

nostradamus-1419635137-602602

1.Европа ќе падне

-Кралството на стравот ќе дојде во Европа и со меч и оган ќе ги уништи нејзините градови. Голема морнарица од Азија ќе дојде со голема војска и ќе се бори до смрт. Мрачно срце ќе ја зафати Џенова. Крв ќе има на сите страни, глад, нема да има милост за никој. Арапски принц ќе ги  земе земјата и црквите на крајбрежјето сè до Персија.

fin-del-mundo-las-predicciones-png_700x0

2.Турција и Египет ќе го нападнат југот

Турција и Египет ќе го нападнат југот, камилите ќе пијат вода од Дунав. Патиштата ќе се тресат, а тие околу Алпите засекогаш ќе исчезнат. Крал ќе дојде од Црно Море во Франција. Ќе замине во Ерменија и ќе остави крвав персонал во Константинопол. Ќе има големо повлекување.

World-War-III-Prediction-Nostradamus-Armageddon11

3.Рибите во морињата и во езерата ќе се варат

-Рибите во морињата и во езерата ќе се варат поради огнот на небото. Јадранско Море ќе биде полно со коски. Земјата ќе се тресе, Египет ќе се тресе, а Мухамед  ќе стане силен

 

5681aec0a20541e817ffb3ab

4.Њујорк – Нов Град

Нострадамус зборуваше за уништувањето што ќе ги снајде Европа, Египет и Истанбул. Во подцнежните предвидувања ја спомнува и Америка, најверојатно Њујорк е тој новиот град.

5.Градина на светот

-Градината на светот, крајот на Нов Град, крај не вештачките планини, ќе биде потпопена и отруена со сулфур.

profecias-nostradamus

6.Две големи сили ќе се обединат и големата војна ќе заврши

На крајот на сите претскажувања Нострадамус спомнува две големи сили што се ќе обединат и ќе ја завршат војната. Западот ќе ја однесе победата. Кога тие од Арктик ќе се обединат стравот ќе владее со исток. А  новоизбраниот ќе го прими најголемиот удар. Патиштата на Константинопол ќе бидат обоени со крв.

7.Црвено и бело

Север и Запад ќе го покорат владетелот од Исток, а неговите потомци ќе гнијат во затвори. Нема повеќе да постои варварска сила, паганите ќе паднат. Новиот крал на Европа ќе дојде. Нова црвено – бела војска заедно ќе тргне против  кралот на Вавилон.

nostradamus-1

8.Земјата ќе биде уништена

Третиот антихрист  ќе дојде и повторно ќе исчезне. Неговата војна ќе трае 27 години. Еретиците ќе умрат, а затворениците ќе бидат во  прогонство.

1fcbd26b294ce0c829aab05eb1e7a052b561c814

9. Ќе завладее мир

-По долгата војна, Сатурн ќе настапи и ќе настане златно време. Бог ќе го зараоби ѓаволот и луѓето нема повеќе да бидат несреќни. Ке завладее мир со целиот свет.

anti

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top