| четврток, 6 декември 2018 |

Брат и сестра исчезнале: се пријавиле на аеродром и по експлозијата им се губи секоја трага (фото)

Александар и Саша Пинчовски се пријавиле на пунктот на „Американ ерлајнс“ токму кога одекнала експлозија и оттогаш им се губи секоја трага.

sasa-nestala
Тие двајца живеат на Менхетен, но таму не се вратиле, напишала нивна семејна пријателка Мафалда де Андраде Васконоселос на „Фејсбук“.

brat is estra
-Мајка им е избезумена бидејќи не може да ги добие откога се пријавиле на бриселскиот аеродром, на пунктот на „Американ ерлајнс“ утрово во 08.30. Ако пријателите ви работат во болници или службите за Итна помош ве молам да го споделите ова, па ако ги препознаат нека им кажат да викнат ја полицијата или родителите“ – пишува Мафалда.

brat34
И девојката на Александар, Камерон Кејн, споделила очајна порака на „Твитер“:

-Ве молам да ми помогнете да ги пронајдам моето момче и неговата сестра, Алекс Пинчовски и Саша Пинчовски – напишала таа.

Медиумите пренесуваат дека нив ги бараат и белгиските пријатели кај кои тие биле на гости, но сѐ уште потрагата е безуспешна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top