| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтата поскапи

Цената на суровата нафта денеска нарасна откако трговците го искористија минатонеделниот пад на цените, а инвеститорите ги чекаат новите економски податоци од Кина, наведуваат аналитичарите.

NAFTA

Американската „лесна“ нафта, за испорака во текот на следниот месец, на Стоковата берза во Њујорк поскапи за 50 центи, на 88,51 долари за барел, пренесуваат француските меидуми.

На берзата во Лондон, истовремено, северноморската „брент“ нафта поскапи за 44 центи, на 100,09 долари за барел, повторно надминувајќи ја границата од 100 долари, што беше пробиена на почетокот на минатата недела по соопштувањето на полошите показатели од очекуваните за растот на кинеската економија во првиот квартал.

Цената на нафтата минатата недела опадна заради слабите економски показатели од Кина, а „брент“ нафтата во еден момент се спушти на деветмесечниот минимум заради пазарните шпекулации дека ОПЕК планира да го намали производството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top