| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран аеродромот во Тулуз

tuluz aerodrom

Аеродромот во францускиот град Тулуз утрово е евакуиран поради безбедносни причини, јавуваат светските медиуми.

Дури и патниците што веќе биле во авионите морале да ги напуштат леталата и да одат на безбедно место. Засега не се познати детали, а објавено е дека аеродромот е затворен во 6.45 часот.

Локалните медиуми наведуваат дека на аеродромот вршат претрес припадници на војската, се вршат проверки на идентитетите на патниците, како и претрес на возила.

Според неофицијални информации, причина за блокирањето на аеродромот е сомнителен пакет, но одредени медиуми наведуваат дека евакуацијата е извршена од претпазливост.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top