| четврток, 6 декември 2018 |

Со проекти и отчетност спроти рушењето на уставниот поредок и државата

sobir miting vmroОткако стана практика македонската опозиција својата политичка борба ја води само и само со црна кампања и без никаква идеја со која би се обидела да се наметне пред избирачите, актуелниот лидер Зоран Заев таа деструкција ја насочи и кон институциите, државата, народот. Всушност кон се што може да се искористи кон креирањето што подолготрајна криза. Оттука, СДСМ не ги признава изборите, па се враќа во Собранието; не го признава Судот, затоа што лидерот и половина раководство и ним блиски се на клупата за обвинети; не се признава ништо што политичките противници го сториле.

И додека ВМРО- ДПМНЕ води кампања во насока на отчетност и проекти за подобрување на животот во државата, со проекции за натамошен развој на државата, преку нови вработувања, инвестиции, инфраструктурни проекти, подобрување на социјалната сфера, образованието, културата, проекти насочени кон младите и нивната иднина во Македонија, опозицијата продолжува онаму каде застана конкрајот на 90-тите од минатиот век- со обиди да ја вратат земјата во времето на девастирана економија и посрамотени институции.

Otcet na Vmro 2016 (17) (Custom)Никако поинаку не може да се доживее фактот кога не се признаваат ни почитуваат ниту институциите кои ги водат ликови од опозицијата и притоа ги партизираат „до последна дупка“.

Па добиваме ситуација во која времениот министерот за полиција повикува и учествува на протести пред Уставниот суд, за кој протест негови соборци најавија палење, заземање, насилства…

spasovski-protest-420x240Паралелизмот кој што го бараше и го доби СДСМ- во форма на влада за спроведување избори- за чие што нефункционирање граѓаните сведочат секојдневно преку информациите кои произлегуваат од злоупотреба на функциите у дневнопартиски цели и борба- се огледа и во паралелната институција наречена Специјално Јавно обвинителство.

Дуализмот кој што го предизвика дополнителен хаос во државата со формирањето на Обвинителство сега дополнително се компликува со ставот кој што јавно го искажува и неговиот прв лик Катица Јанева.

Јанева наместо да биде ликот кој ќе води кон крај на политичката криза, впрочем заради што и беше избрана како решение на политички компромис, таа дополнително ги потпалува деструктивните нагони на опозиционерите.

janeva-10Нејзините изјави дека ништо и никој не е легитимен во државата не е ништо друго туку гола политичка изјава во функција на оправдување на некои идни „палења“ на институции.

Нејзиното непочитување, прво на нејзините колеги, а потоа и на Собранието не е ништо друго туку нејзин обид за „навлажнување“ на политичкиот ментор- но не Заев или било кој лик од македонската опозиција- туку „чадорот“ на Заев и на Верушевски.

Неуспехот на Јанева да покаже резултати онаму каде што треба, сега таа се обидува да го компензира со идеја дека можеби и неа еден ден „ќе ја шетаат“ како колешката од Романија.

katica-ambasadori-520x260Но Јанева, исто како и Заев, не настапува против криминалот и корупцијата. Во нејзината работа не се огледува расчистување на хаосот кој настана со снимките од нелегалните прислушувања. Не само што не се интересира за тоа што ги нема сите материјали кои Заев ги споменува дека и ги дал, таа и ги користи сознанијата од преслушувањата во своја лична „политичка борба“ и опозициска промоција.

Во нејзината работа, а уште повеќе, во нејзините настапи, се препознава само деструкција и продлабочување на кризата. 

zaev_katica-janeva-420x240Тоа што Јанева, а и Заев, забораваат е дека „Авионите летале“ и ќе летаат и натаму.

Политичките кризи се решаваат на избори. А тие избори ќе одлучат кој ќе остане а кој „ќе лета“ од политичката сцена. Токму затоа и целата оваа деструктивност за одложување на изборите.

Јанева, ако не го признава овој состав на Собранието, наскоро ќе има нов состав, пред кој повторно, ќе мора да даде отчет. Нов состав кој ќе и одобри нови пари, нов буџет, од даноците на сите граѓани чиј што глас не го почитува, од целата држава чиј што устав не го почитува, од сите вработени во институциите кои не ги признава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top