Четиринаесетгодишно момче во Кина загина кога експлодирал столот на кој седел. Парчињата метал продреа во ректумот на момчето што резултирало со обемно и фатално крвавење.
Најстрашното од сѐ е што ова не е првпат вакво нешто да се случи, но е прв случај кој завршил трагично.
Момчето било само кога се случила незгодата и седело на компјутерскиот стол. Тој успеал да го направи последениот телефонски повик кон неговиот татко и покрај тоа што трпел ужасни болки. Брзата помош веднаш пристигнала, но тој починал на патот кон болницата, кој траел предолго.
„Столот-убиец“работи на принцип на цилиндри со гас базирани во подножјето на столот и со кои се приспособува височината на столот, но кои содржат висок притисок на гас. Наводно, експлозијата ја предизвикала енергијата создадена од страна на перничето на седиштето.
Фактот дека три слични инциденти биле пријавени во болница само во последниот месец треба да е доволен да се потврди дисфункцијата на овие столици. Во 2007 година, пак, метален дел од ваквиот стол се забил во задниот дел на еден 68-годишен човек, кој доживеал тешка рана, но преживеал.
Во сите инциденти биле виновни три фактори:
• Неазотни гасови го контаминираа цилиндерот на столот.
• Недостигот од материјали во цилиндарот ја намали неговата трајност и издржливост.
• Цилиндарот не бил целосно херметички затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


