| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот на македонската борба одбележува 110 години од смртта на Ѓорѓи Сугарев

Националната установа Музеј на македонската борба ја одбележува 110 годишнината од смртта на познатиот македонски револуционер, Ѓорѓи Сугрев, информираат од Музејот.

250px-Georgi_Sugarev

Одбележувањето е со пригодна програма, на 23 март (среда), со почеток во 12 часот.

Покрај потсетувањето на најзначајните моменти од животниот пат на Сугарев, посетителите ќе можат да ја видат и неговата восочна фигура која ќе биде изложена во холот. Дел од програмата ќе биде и проекцијата на документарниот филм за битолскиот војвода.

Одбележувањето на 110 годишнината од смртта на Сугарев, е во рамки на Годишната програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и личности на Собранието на Република Македонија.

Изложбените материјали ќе бидат поставени две недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top