Центарот на НБА тимот Хјустон Рокетс, Двајт Хауард избегна суспензија и казна од лигата поради користење леплив спреј на рацете.
Центарот на Рокетс при влегувањето во игра за време на натпреварот стави леплив спреј на рацете, ја допре топката, која подоцна отиде во рацете на Пол Милсап од Атланта, кој требаше да изведува слободни фрлања. Милсап забележа дека таа целата е леплива, па судијата веднаш ја смени топката.
Хауард избегна казна, но доби предупредување дека следиот ваков случај тој ќе биде строго казнет, како и неговиот тим Хјустон. НБА испратила соопштение до сите тимови во лигата дека користењето на било какви лепливи производи или супстанци е строго забрането.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
„Санте плус“ за скандалозните фотографии на „Фејсбук“ ќе добие опомена од Етичката комисија при Лекарската комора (галерија)
-
Го пуштаат од затвор за да игра во НБА