Најмалку 13 лица се мртви во експолозиите кои утрово се случија на аеродромот и во метрото во Брисел, јавува „Би-би-си“.
Според медиумите, една од експолозиите се случила во метро-станицата Малбек која се наоѓа во близина на зградите на ЕУ, како што е зградата Берлајмонт во која се наоѓаат Европската комисија и Советот на Европа.
Како што јавуваат медиумите, затворени се аеродромот и метро-станицата, а властите во Белгија го подигнаа нивото на безбедност на највисоко, по експолозиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.