Една нова канадска студија покажува дека познатиот аналгетик парацетамол може да се користи и за намалување на емоционалната болка. Истражувањата покажале дека овој лек може да ги намали симптомите на егзистенцијална грижа.
Истражувачите откриле дека физичката и „општествената“ болка може да се намалат со парацетамолот.

– Болката се шири и надвор од оштетените ткива и ги зафаќа повредените чувства и вклучува стрес и егзистенцијална грижа. Користењето на парацетамолот влијае врз сигналот кој кажува дека нешто не е во ред – изјави водачот на студијата Даниел Рендлес од Универзитетот „Бритиш Колумбија“.
Тој и неговите колеги сметаат дека непријатноста што ја чувстуваме кога размислуваме за смртта активира сличен процес во мозокот. Тие се обиделе да ги намалат тие чувства со помош на еден едноставен аналгетик. Во студијата биле вклучени 120 студенти поделени во две групи. Едната примила таблета парацетамол, а другата таблета од обичен шеќер. Некои од членовите на групата требале да пишуват за забоболката, а другите за тоа што ќе им се случи по смртта. Потоа сите требале да читаат за апсење на проститутки и да одредат кауција. Групата која пишувала за забоболката побарала релативно ниска кауција, а онаа група што пишувала за смртта и не користела парацетамол, побарала највисока казна.
– Сѐ уште сме фрапирни од фактот што обичен лек против главоболка може да им помогне на луѓето да не размислуваат за смртта и да не чувстуваат непријатност – изјави Рендлес.
Истражувачите сметаат дека оваа студија ќе им помогне при лечење на претерано чувствителни луѓе или на оние со хронични болки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


