Многу луѓе, особено во процесот на стареење се соочени со проблемот болки во зглобовите. Болките знаат да бидат толку силни поради што многумина не можат да станат од креветот.
Оние кои го испробале овој природен лек велат дека веднаш почувствувале подобрување, а веќе по 10-тина дена можеле повторно да застанат на своите нозе. Рецептот е едноставен, потребно ви е само модар домат и литар вода.
Подготовка :
Излупете го модриот домат, а потоа исечете го на кругови. Во тенџере додадете вода и оставете ја да зоврие. Потоа во зовриената вода додадете го модриот домат. Смесата треба да се вари околу 20-тина минути, а потоа оставете ја да се олади. Оладениот лек раздвојте го на два дела, така што 750 милилитри сипете ги во стаклена флаша и оставете ја во фрижидер. Секој ден наутро пијте по 250 милилитри од напитокот, а истата количина пијте ја пред ручекот и вечерата.
Остатокот од 250 милилитри, кои претходно сте ги издвоиле измешајте ги со 50 милилитри маслиново масло, а потоа смесата користете ја за облоги и масажа на деловите од телото кои што ве болат.
извор: Ипортал.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.