| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: Терминот „македонски“ е забранет во Грција

zname-makedonija-grcija

Со години по ред во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Грција се подвлекува проблемот со правата на македонското малцинство во оваа земја, од каде што, пак, нема никаква промена во однос на владините политика за проблематиката со почитувањето на човековите права.

„Грчката влада не признава постоење словенски дијалект, наречен „македонски“ од оние кои го говорат. Сепак, малиот број луѓе што го говорат овој јазик се самоопределуваат како „Македонци“, факт што наидува на силно противење од другите граѓани.

Овие лица тврдат дека Владата води политика за да ги обесхрабри да го употребуваат нивниот јазик. Владините претставници и судовите ги одбиваат барањата на словенските групи да се самоидентификуваат употребувајќи го терминот „Македонци“, тврдејќи дека околу 2,2 милиони етнички (и лингвистички) грчки граѓани, исто така, го користат терминот „Македонци“ за самоидентификување, пишува во годишниот извештај на Стејт департментот на САД.

Во извештајот е наведен и проблемот со признавањето на „Домот на македонската култура“ и покрај пресудата на Европскиот суд за човекови права уште од 2009 година.

„Иако законот предвидува слобода на здружување, Владата продолжува да поставува правни ограничувања за имињата на здруженија на граѓани кои се самоидентификуваат како етнички Македонци“, пишува во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top