| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозијата на бомба во Белград не е терористички акт

Српското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека непознат маж на возраст од околу 50 години активирал експлозивна направа во една слаткарница на аголот од улиците „Таковска“ и „Илија Гарашанин“ во Белград и дека досегашната истрага утврдила дека не станува збор за терористички акт, јави Танјуг.

Како што се наведува во соопштението на МВР, не станува збор за терористички акт бидејќи пред активирањето на експлозивната направа лицето од двајцата вработени и од еден купувач побарало веднаш да излезат од објектот.

При тоа, освен лицето што го активирало експлозивот, никој не е повреден, а предизвикана е помала материјална штета, се наведува во сопштението на српското МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top