| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификуван мажот кој се разнесе среде Белград

Идентификуван е мажот кој денеска на пладне се разнесе во слаткарницата „Петковиќ“ во центарот на Белград.

Според изворите на српски „Блиц“, станува збор за Владимир М. 57-годишен маж кој на полицијата и бил познат како корисник на наркотици.

Тој влегол во локалот, наредил сите да излезат па легнал на бомбата и се разнел.

Освен него, никој друг не настрадал во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top