| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Бајрактарова: Нека не се чудат странските фактори што на Катица Јанева и се „случи“ општа недоверба

Specijalno obvinitelstvo katica janeva lence fetai (24) (Custom)

Никој не може да с стави над државата и граѓаните и мора да даде отчет за својата работа и однесување – смета професор д-р Бона Бајрактарова.

Професорката, која честопати ги коментира случувањата на политичката сцена, денеска на својот фејсбук профил се осврна на денешното непојавување на Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство на  Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Македонија

Д-р Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор

Д-р Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор

-Госпоѓата била уреднo поканета – со покана – на ист начин како и сите лица (избрани и именувани), кои според Законот имаат обврска да поднесат Извештај за својата работа. Познато е дека свое обраќање пред Собранието во наведената смисла имаат:
– Претседателот на државата,
-Премиерот на државата,
-амбасадорите на Република Македонија во странство и други,
секој, во временски интервал утврден според закон!

За постапката на специјалната јавна обвинителка, ниту граѓаните, ниту одговорните политичари не можат да најдат оправдување, зашто ваквите служби, или личности, треба да бидат пример на одговорно однесување и почитување на законите и правилата на однесување во државата и државните институции. Дури и да го изземеме етичкиот и моралниот аспект во ваквите случаи (иако е во прашање неодминлив фактор во функционирањето на институциите и поединците), не може да се игнорира еден друг, ноторен факт, дека нивната дејност и тие самите (како функционери) се финансирани од буџетот на државата; поточно, од парите на граѓаните! Оттаму, никој НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТАВИ НАД ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ и МОРА ДА ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СВОЈАТА РАБОТА и ОДНЕСУВАЊЕ. Одговорното однесување е основа на кредибилитетот на сите, кои заради функцијата што им е доверена претставуваат некаков фактор во земјата. Непочитувањето на законските или моралните норми го подриваат авторитетот на оние, кои ги игнорираат овие пишани или непишани правила. Оттаму, нека не се чудат странските фактори, странските амбасадори во Р.Македонија што во однос на СЈО и Катица Јанева се „случи” општа недоверба! Не помага апелот дека оваа (наметната, вонуставна) институција – требало да се почитува, да не се подложува на критики. Ама – респектот треба да се заслужи, и не е еднонасочна категорија – напиша прфесорката на својот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top