Реал Мадрид ја совлада Севилја со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот на „кралевите“ го истакна своето задоволство од прикажаната игра на својот тим. Очигледно дека неговите критики по слабото издание со Лас Палмас резултираа со подобрување на играта, па овојпат тој ги пофали своите избраници.
– Задоволен сум од изданието на комплетниот тим. Ако играме вака и на натпреварите што претстојат, можеме да очекуваме многу до крајот на оваа сезона. Ова беше трет натпревар на кој ги имав на располагање сите тројца во нападот, Роналдо, Бензема и Бејл, и веднаш се виде колку сме поопасни кога сме комплетни. Се надевам дека ќе не одминат повреди и во продолжението од шампионатот, како и во Лигата на шампионите – изјави Зидан.
По двонеделната пауза, Реал Мадрид ќе и гостува на Барселона на „Камп Ноу“. Зидан спомена нешто и околу „Ел Класико“.
– Паметам многу убави моменти што Реал Мадрид ги имал на „Камп Ноу“. Ќе се потрудиме така да биде и по две седмици – истакна тренерот на „кралскиот клуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)