| четврток, 6 декември 2018 |

По големите критики Формула 1 ќе се врати на стариот начин на квалификации за пол-позицијата

Раководството на Формула 1 по само една трка во новиот шампионат одлучи да го врати стариот начин на квалификации во борбата за пол-позицијата.
По големите критики кои ги претрпе најбрзиот цирукус на светот како од тимовите, возачите и љубителите на брзините, по трката за ГН на Австралија бил одржан состанок со сите тимови и одлучено веќе од следната трка распоредот на стратот да се одлучува по стариот систем.

На патеката Алберт Парк во третата сесија, возачите останаа во пит стопот, место да излезат на патеката и да се обидат да ги подобрат своите времиња.

Промената, односно враќањето на стариот систем на квалификации треба да стапи на сила на трката за Големата награда на Бахреин која е закажана за 3 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top