| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ демонстрира лидерство во политичката комуникација

otcet111ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира лидерство во политицката комуникација. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ попладнево во Спортскиот центар Јане Санданскии го презентираше досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години, пишува дневниот весник „Вест“.

Прв пред присутните се обрати лидерот на партијата Никола Груевски, по што министрите образложија секој за својот ресор што е сработено во изминатиот период.

-Пред вас се наоѓа капитално дело кое е компилација од нашиот труд во изминатите години, а се темели на дадената доверба од вас, граѓаните, народот, поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Во овој отчет се опфатени проекти во периодот од 2014 до 2016 година, но и некои поголеми и значајни проекти кои започнале или се реализирале до 2014 година. Тешко е на неколку стотини страници да се каже и покаже што се е направено, но едно е важно, фактот дека најголем дел од ветено е остварено или почнало да се остварува. Има и многу работи кои не се ветени, а се остварени по барање на граѓаните тоа не прави поразлични, рече Груевски.

-Денешниот јавен отчет претставува повторна демонстрација на новитет во политичката комуникација и односите со јавноста, коментираат експертите. Според нив настанот претставува еден вид на јавна седница на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на која што се реферира за сработеното во изминатиот период со особен акцент на последните две години. Она што беше карактеристично е мултимедијалниот пристап кој се практикува, при што покрај дискусиите присутните имаа можност да гледаат и видео со реални приказни од животот, а во позадина и текстуален приказ на сработените проекти. Настанот се пренесуваше во живо на поголем број на интернет страници, со што покрај 10 илјадитната публика во салата можност да го следат јавниот отчет имаа уште стотици илјади граѓани, пишува Вест.

-ВМРО-ДПМНЕ во последните 10 години постојано воведува новитети во политичката комуникацика со граѓаните, велат експертите.

На собирот присуствуваше раководството на партијата, министрите во Владата и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, членови и симпатизери на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top