Ова е единственото интервју во кое Гага јавно зборуваше за деталите на неговата голема љубов со Милена.
Пред точно десет години легендарниот актер Драган Николиќ дал интервју за магазинот Стори во кој прв и последен пат зборувал за до тогаш непознати работи. Бракот со колешката Милена Дравиќ за многумина претставуваше симбол за вечна љубов , а так и било, бидејќи актерката беше жената на неговиот живот.
Ви пренесуваме дел од тоа интервју.
Како би ја опишале вашата заедница?
-тешко е тоа да се опише, но мислам дека е во граници на нормала. Како и во секој брак, имаше доста недоразбирања и расправии, како и убави моменти. Не знам дали е олеснителна или пак отежнувачка околност тоа што двајцата се занимаваме со иста работа, па сме често разделени. Таа ќе снима на едно, а јас на друго место, така да имавме можност да еден на друг си недостасуваме. Тоа што се занимаваме со иста работа може да биде и минус и плус, ние успеавме се да пребродиме – кажал Драган во таа прилика.
Кога во една прилика сте биле во Сараево имавте проблем со неплатени сметки. Раскажете ни нешто повеќе за тоа.
-Тоа беше во времето на Коса, а тоа не беше само театарска претстава туку и начин ан живот и размислување. Хипи движењето имаше нешто позитивно, добро и пацифистичко. Во тоа време многу патувавме, имавме бројни турнеи со кои доаѓаа и хонорарите но на крајот моравме сами да платиме хотел. Поради тоа што ние тие пари ги потрошивме, се сеќавам дека ползевме на за да поминеме пред рецепција и портирот и да избегаме. Секако, пристигна телеграма во која пишуваше Оние вашиве не платија хотел, а ние слатко се изнасмеавме. По тоа ни ги укинаа дневниците.
Имате брачен стаж од 35 години, Милена и вие сте вистинска реткост помеѓу актерите. Како избегнавте брачни катастрофи и прељуби?
-Кога двајца луѓе се успешни во работата, секако дека има и оние кои ќе им завидуваат, па дури и на публиката едно време не и беше сеедно, но во се треба да се внесе и калкулацијата кога станува збор за јавни личности. Мојот совет за колегите гласи: Бидете попаметни од озборувањата и едноставно живејте го својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Семејниот филм „Аги и Ема” е Филм на неделата на Cinesquare во чест на Милена Дравиќ