| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Со проектот „Рурален доктор“ се посетени 538 населени места

lekoviiiПроектот „Рурален доктор“ овозможи во 309 населени места да се отворат 309 пунктови и да се посетуваат 538 населени месат каде граѓаните немаат доктор. На овој начин покривме територија во која што живеат 360.000 жители, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

-Досега од почетокот на проектот се прегледани и добиле здравствена услуга над 160.000 жители во Р. Македонија преку проектот „Рурален доктор“, рече Тодоров.

Тој посочи дека и проектот „Подвижни аптеки“ е доста успешен.

-Со проектот „Подвижни аптеки“ се опфатени 304 населени места кои што покриваат население од 50.000 жители. Доделени се 6 лиценци и некаде сме на 25 % во целиот проект. Во наредниот проект ќе доделуваме уште лиценци за да ја покриеме целата територија на Р.М, истакна Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top