| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе видите зошто Ана Ивановиќ става карти во косата и вие ќе побрзате да ги ставите!

Не станува збор за нов бизарен тренд од модните писти, туку за една едноставен, евтин и брз трик кој буквално може да ви ја спаси фризурата.

Ana-Ivanovic-02-630x472

Ана сподели фотографии од средување пред фотографирање за еден познат бренд на козметика, а на многумина вниманието им го одзема незината чудна “фризура“ за време на шминкањето. Имено, тенисерката имала карти за играње закачени секаде низ косата – и тоа со посебна причина.

На сите барем еднаш ви случило да седнете да е шминкате, ќе ја фатите совршено фенираната коса со шноли, а кога ќе го завршите шминкањето – имате траги од шнолите токму таму каде биле закачени. Тоа може целосно да ја уништи фризурата, па на крајот искача дека џаба сте се фенирале.

Screenshot_140

За да тоа не им се случува, светските фризери и шминкери одамна користат еден  трик – помеѓу шнолата и косата треба да се стави парче хартија. За тоа најчесто се користат марамчиња но на шминкерите на Ана им текнала уште подобра опција – карти за играње!

Обичната хартија, која најчесто се става, неретко е премногу мека за силните шноли и на косата сепак остануваат траги. Затоа сега, изгледа, се користат карти кои се од многу потврд материјал и дефинитивно нема да ви останат траги на  косата.

Screenshot_228

Сепак, бидејќи на фотографиите се гледа дека се користени “тројки“, некои од фановите на Ана коментираа дека подобро би и стоеле “кралиците“ особено оние кои се украсени со срца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top