| четврток, 6 декември 2018 |

Гоца Тржан откри што и недостига во бракот со Рашо:Понекогаш само посакувам…

гоца

Во последно време многу се пишува за кризата во бракот на Гоца Тржан и Рашо Новаковиќ. Пејачката во една емисија објасни што најмногу и треба во врска.

-Има моменти кога ми треба само поддршка…Само да ме прегрне и ништо повеќе. Знам дека се можам и сама, ама ми треба прегратка и да ми каже дека се ќе биде ок…, рекла Гоца.

Таа на останатите гостинки во емисијата им ги коментирала машко-женските односи и дека се зависи од тоа како го дресираш мажот, односно личноста со која си во врска.

-Дали ви се случило некогаш да се чувствувате лошо и кога ќе го изговорите тоа да не биде толку страшно-ги прашала Гоца останатите гостинки.

-Ние мораме да научиме да престанеме да функционираме како во романтични филмови-заклучила  Тржан.

-Кога жената се разведува тоа значи дека нема каде. Тоа значи дека се се обидела, бидејќи жените се такви, се ќе се обидат само да го спасат бракот-смета пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top