-СДСМ има своја матрица на однесување и тоа е таа која ја гледаме- рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во ТВ Сител. Тој, говорејќи за состојбите околу прочистувањето на избирачкиот список, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ нудеше варијанта за нов список, со активна регистрација, но СДСМ избегаа бидејќи тоа е најбрзиот начин кој би ги извадил на чистина.
-Однесувањето ќе биде деструктивно, барање на проблем и таму каде што го нема. Тие ќе се обидуваат изборите да ги добијат онака како и до сега. Се обидуваа со фалсификати, Чауши, лични карти, пасоши, банкарски сметки направени, па ги фативме, па се срамеа, лажеа, не се знаеле со Чауш, па се знаеа, го примиле во штабот, не го примиле, па обичен член бил, па не бил, се заплеткаа не знаеа како да излезат. Со деструктивност од типот на измислување лажни афери, од типот на создавање привид како сега со избирачките списоци, сето ова ќе им се удри од глава. Затоа што сето ова време ние се занимаваме со барање на компании кои ќе отворат нови работни места за граѓаните, со зголемување на извозот, со отворање на нови фабрики, со барање начини како да се зголемат платите и пензиите, со проекти за младите, за пензионерите, со поддршка на земјоделците, со развивање на образовниот систем…- рече Груевски.
-Нашиот ментален склоп е тој, да создадеме нешто, да решиме проблеми, да оди земјата напред. Нивниот е колку што може повеќе некого да оцрнат со измислени афери, со конструкции, со лаги и со манипулации. И граѓаните треба да си изберат што сакаат. Ако ја сакаат првата варијанта ние сме тука, имаме одлична програма сега, таа ќе биде најобемната програма и најдобро подготвена до сега. Имаат и таква екипа која ќе си ги матка и натака и ќе им збори приказни, ќе им измислува чауши, списоци и така натаму, но нема да видат ништо конкретно- посочи груевски при гостувањето во СителТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер