Целата ситуација е како да си создадат алиби да го оправдаат поразот и она што ги чека, а тоа е создавање на некакков привид дека којзнае што се случува со списоците. Со истите списоци со кои во минатото и ВМРО-ДПМНЕ победуваше и СДСМ победуваше и никому не му пречеше тоа. Со истите оние списоци со кои нивниот претседател на ДИК осум години немаше никаков проблем. Тие имаа пет претседатели на Државната изборна комисија и никој од нив немаше проблем со списоците- анализираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во дневникот на СителТВ, говорејќи за актуелната ситуација при чистењето на избирачкиот список во ДИК и тврдењата на СДСМ.
-Сега дојде време затоа што ги чека таков пораз после такви година и половина што им приредија на земјата и на граѓаните што не знаат како да излезат од целата оваа работа. Така штио гледав во текот на вчерашниот ден, практично го тероризираат ДИК и нивните претставници со разни закани со разни укажувања дека ќе напуштат, се со цел да издејствуваат поголема бројка на граѓани гласачи што треба да бидат проверени. Тоа не значи дека тие направиле нешто, но да изгледа дека сомнежот е голем. Ако треба на пример, реално со вкрстувањето на евиденциите, ако е реално потребни десетина илјади да се проверат, затоа што во една евиденција ги има, а во друга ги нема и треба да се провери, тие гледаат да бидат 100 илјади, 200 илјади, ако може и 500 илјади да биде. Да се маткаме три- четири недели по куќи, со проверки, со сомнежи. Како што тоа го правеа последните недела- две секој ден објавувајќи „во таа куќа живеат 20 луѓе, тука се запишани 15, овде 10“, и создавање на еден привид по изборите- а прво ако може да ги одложат изборите, а тоа нема да можат да го направат- кога ќе завршат изборите да може да речат „знаете што се случуваше пред избори- 200 илјади, 500 илјади фантомски…“- додаде Груевски.
-Ова ќе ги чини многу, колку ќе биде бројката на проверувани луѓе, толку поголем зијан ќе биде за нив. Тоа се чесни луѓе, кои чесно одговорно си гласаат според закон и сега некој ќе им тропне на врата , ќе ги потпрашува распрашува „кој сте, што сте, зошто сте“ , па „гласавте- негласавте“ „дајте лична карта, пасош, дали сте вие на сликата“, ќе ги збудалат луѓето и сето тоа ќе им влијаат на пад на нивниот рејтинг. Затоа што ги множат со нула, затоа што ги сметаат најобичните луѓе што гласаат за некакви си фантомски гласачи. Јас одговорно тврдам: Фантомски гласачи во Македонија немало, нема, и ќе нема. Целата оваа работа е една обична лакрдија на СДСМ со цел да создаде хаос и перцепција кај граѓаните дека нешто е матно и дека нивниот пораз можеби не би бил пораз ако не било матно. Тоа е целата битка- битка за алиби за поразот кој следи на 5 јуни. А тој ќе биде толку поголем за онолку колку што тие сега ја зголемуваат листата на таканаречени граѓани за проверка , сомнителни, затоа што сиоте тие ќе бидат револтирани кога некој, ни криви ни должни ќе им тропа на врата, ќе ги легитимира и распрашува – порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер