Вчера во периодот од 13:00 до 14:50 часот во Велес, во стан сопственост на Д.Т.(43), непознат сторител со подесен клуч ја отворил цилиндар бравата од влезната врата. Крадецот влегол внатре, извршил пребарување во плакарот од спалната соба, а од масата од дневната соба земал лап топ „Ацер“ кој го ставил во торба со намера да го одземе.
Околу 14.50 часот кога оштетениот дошол до влезната врата од станот и се обидел да ја отвори, но крадецот кој било внатре го повлекол, го испрскал со спреј солзавец во пределот на лицето и го турнал, а потоа избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.