Патнички авион Боинг 737-800 ноќва околу 3:50 часот се сруши во Ростов на Дон, во Русија, потврди компанијата Флај Дубаи. Во авионската несреќа во јужна Русија загинаа сите 55 патници и 7 членови на екипажот.
Според руските воздухопловни власти, авионот се урнал при обид да слета на аеродромот, за време на силен ветер.
Епилогот од несреќата го потврди и производителот на вионот, Боинг, со седиште во Чикаго.
„Во авионот имаше 33 жени, 18 мажи и четири деца. Сите во Флај Дубаи се во шок и длабока тага поради ова“, изјавија од нискотарифната авиокомпанија Флај Дубаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.