Европската унија и Турција постигнаа нов договор за спречување на приливот на мигранти преку Егејското Море, објави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на својот налог на Твитер.
Како што јави ДПА, информацијата ја потврди и литванската претседателка Далиа Грибаускаите, која нагалси дека новиот договор меѓу ЕУ и Турција за мигранстката криза ќе стапи во сила в недела, кога првите мигранти би требало да бидат вратени од Грција во Турција.
– Тестот за спроведувањето (на договорот) почнува в недела, напиша Грибаускаите на Твитер.
Естонскиот премиер Тави Тоивас пак оцени дека сите страни мора да придонесат за спроведување на договореното,
Лидерите на ЕУ претходно денеска го поддржаа новиот нацрт-договор со Анкара, кој им го презентираше Туск и по што остана уште негово конечно одбрување од страна на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Новиот договор претставува рамка за веќе постигнатата спогодба меѓу Унијата и Турција на неформалниот самит одржан во Брисел на 7-ми овој месец.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ревидираниот текст на договорот како главна поента предвидува од 20 март да почне процес на враќање на мигрантите кои оаѓаат во Грција од Турција.
Исто така, договорот предвидува забрзување исплатата на првата транша од трите милијарди евра што ЕУ и ги вети на Анкара минатата година, како и отворање на едно ново поглавје, она за буџетот, во рамки на пристапните преговори за членство на Турција во ЕУ.
Договорот има за цел да се вратат десетици илјади мигранти од Грција во Турција, а предвидува и дополнителни три милијарди евра помош за Анкара од Брисел и забрзување на преговорите за членство на државата во Европската унија, како и визна либерализација за турските граѓани при патувањето во ЕУ од јуни оваа година.
Сепак, во делот на укинувањето на визите за Турците при патување во некоја од 28-те земји членки на Унијата, се предвидува до крајот на идниот месец, Турција да ги исполни 72-те забелешки што и ги даде Европската комисија. Доколку Анкара успее во тоа, тогаш од крајот на јуни турските граѓани ќе можат слободно да патуваат во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат