| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски го посети Радовишко -­ Реализирани проекти иницирани од граѓаните

gruevski

Претседателот на ВМРО ­ДПМНЕ Никола Груевски во тек на денешната посета на Радовишко изврши увид во градежните активности за изградба на локален пат од село Подареш до село Калуѓерица.

gruevski2

Патот во должина од 4 километри се гради на барање на жителите и со него ќе се овозможи поврзување со регионалниот пат Струмица­ Радовиш. Инвестицијата изнесува 500 илјади евра.

gruevski3

Со неа, како што рекоа на средбата со Груевски жителите, се олеснува пристапот до регионалниот пат за вршење на нивните секојдневни активности.

gruevski4

Жителите на Подареш побараа во селото да се изгради и повеќенаменско игралиште, како и спортска сала, објект што сметаат дека е многу важен за околу 400 ученици во ова село. Пари за повеќенаменско игралиште во Подареш, според градоначалникот на Радовиш Сашо Николов, се планирани.

gruevski5

Се очекува наскоро да се надминат имотно­правните проблеми и до крајот на годината да почне изградбата. При посета на комплетно новиот изграден мост на река Стара на делницата од село Злеово­ село Покрајчево на барање на жителите беше најавена подготовка на проект за регулација на речното корито.

gruevski6

Новиот мост е на локацијата на стариот што беше комплетно урнат при поплава. Изградбата на мостот во должина од осум метри изнесуваше над 30 милиони денари, инвестиција обезбедена преку Јавното претпријатие за државни патишта. Нерегулираното речно корито, како што истакнаа жителите, било причина за уривањето на стариот мост. Со парите што би се вложиле за регулација на десет километри од речното корито ќе се спречи поплавување на околу 250 хектари земјоделска површина.

gruevski7

Министерот за транспорт Владо Мисајловски рече дека во соработка со Акционерското друштво за водостопанство треба да се изготви проект и зависно од финансиите што ќе бидат обезбедени да се пристапи кон реализација. На средбата жителите иницираа да се пренамени старата училишна зграда во текстилна конфекција со што ќе се создаде можност за вработување.

gruevski9

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top