Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск е подготвен да им достави на лидерите на 28-те држави од Европската унија проект за договор со Турција за миграцијата и препорача тој да биде прифатен, јавија западни медиуми.
– Туск е подготвен да го стави текстот на маса пред сите лидери од ЕУ и да препорача негово усвојување врз основа на преговорите со Турција одржани ноќеска и претпладнето, изјави извор за западни медиуми.
Според предложениот договор, Анкара ќе ги прифати назад сите нелегални мигранти кои преминале во Грција, вклучувајќи и сириски бегалци, доколку ЕУ преземе некои сириски бегалци и парично ја награди Турција, воведе безвизен режим на патување и обезбеди напредок на Анкара во преговорите за членство во Унијата, јави Танјуг.
Планот за враќање на нелегалните мигранти може да стапи на сила в недела, ако лидерите од Европската унија постигнат договор со премиерот на Турција, изјави висок претставник од ЕУ.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека преговорите со Турција не се лесни без разлика што лидерите во ЕУ договориле заедничка позиција за планот за враќање на десетици илјади мигранти во Турција.
Грчки официјални лица велат дека за нив се потребни недели за администрацијата и измените на регулативите за да се исполнат законски сулови од договорот пред конкретно преселување на мигрантите во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.